Натепан охриѓанец на патот Злести Лешани

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна.

Синоќа околу 20.00 часот, на локален пат помеѓу селата Злести и Лешани, општина Дебарца, додека трае забраната за движење, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од З.Ј. врз Б.С.(48) од Охрид. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во периодот од 07 часот на 17.04. до 07 часот на 18.04.2020 година, нема други прекршувања на забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, нема регистрирани нови лица со решение за изолација и извршени се 31 контрола на лицата кои веќе се во изолација. Во Охрид, евидентирано е едно ново лице во самоизолација и извршени се 344 контроли врз овие лица (Охрид-56, Струга-153, Кичево-33, Дебар-102).
На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 386 што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 135, Струга- 251), кои се сместени во три сместувачки објекти (Охрид-2 Струга-1). Полициските службеници извршија 90 контроли на угостителски објекти.

-Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден, како и за време на продолжениот викенд кога се одбележува христијански празник Велигден. Овие мерки траат сѐ до 21 април 2020 година (вторник) до 05 часот, стои во соопштението на портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски 

Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани