Тој се возел со автомобил за време на полицискиот час.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Д.(48) од струшкото село Лабуништа.
– На 31.03.2020 година во 01.20 часот, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење, поради заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, полициските службеници, во близина на селото го затекнале пријавениот како управува патнички автомобил. Истиот не поседувал соодветна дозвола за движење во време на полициски час, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
