Осум станоиздавачи од Охрид „заработија“ казни

Пазарните инспектори со засилени контроли овој продолжен викенд на брегот на Охридското езеро и туристичките места во земјава.

Осум станоиздавачи во Охрид, четири од Струга , пет од Пелистер, по еден од Маврово и Пониква и три во Дојран заработија кривини пријави за нелегално сместување туристи во време на пандемија..


Некои станоиздавачи сместувале по двајца, а други и по 20 гости во вилите.

-„Дивите станоиздавачи имаме само четири најдени вчера во Охрд завчера, денеска продолжуваме обично тие што ги издаваат собите ги конторлираме псоле 16 ч кога почнува полицискиот час“Исклучиво одевме по категоризиран објекти односно по пријавени станоиздавачи кои имаат решение“, вели Маја Проја Продановска раководител на Инспекциски надзор.

Угостителите генерално ги почитуваа препораките, поднесена е само една кривична пријава за пречекорување на работното време и две за прекршување на протоколот, послужување повеќе гости и непочитување на дистанца.

„Немаше многу гости во угостителските објекти, но од увидот што го направивме се гледа дека економските оператори веќе ги почитуваат протоколите И денеска продолжуваме и понатака да работиме со заеднички сили. Имаме појалување од Скопје од Кичево и со колегите од министерството за ватрешни работи“, вели Маја Проја

Инспекторите ги „чешлаа“ категоризираните станоиздавачи, не постои законска можност да се проверуваат оние кои нелегално сместуваат гости со години. Засилените иснпециски контроли ќе продолжат и во следните денови. 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани