Акцијата завршила вчера утро.
Во периодот од 22 часот на 07.06 до 04 часот на 08.06.2020, во заедничка акција на полициски службеници од полициска станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ и службени лица од Државниот инспекторат за земјоделство, при контрола во водите на Охридско Езеро, наспроти селото Калишта, струшко, на околу 1 км од брегот, пронашле повеќе рибарски мрежи со улов од риба, кои се подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
