Општина Струга затворена до следниот понеделник.
Само што не известија дека еден од нашите вработени е позитивен на КОВИД 19, затоа ве известуваме дека Општина Струга нема да работи до следниот понеделник. Во консултација со надлежните органи, ги замолуваме вработените на Општина Струга да останат во самоизолација и во случај на појава на симптоми да се јават кај матичниот лекар. Бидејќи ситуацијата со пандемијата се влошува, ве молиме да бидете внимателни и да ги почитувате мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на пандемијата. За се друго ќе ве известиме во следните денови. Канцеларија за односи со јавноста, Општина Струга
