Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески го честита Денот на Охридското езеро.
-21 јуни е денот кој го посветуваме на нашиот скапоцен бисер, нашата најголема гордост, нашето Охридско Езеро.
Свесни дека ова уникатно природно богатство мора да го зачуваме, заедно со сите надлежни институции изминатиов период, но и оној што ни претстои преземаме решителни чекори.
Она што природата ни го дала како дар, а светот го препознава како светско природно наследство, се обрврзуваме да го заштитиме.
Нека е вековит денот на Охридското Езеро, порача градоначалникот Константин Георгиески.
