Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 73 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-10, Кичево-26, Дебар-03).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 24 контроли врз угостителски и други објекти, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
