„АМБАСАДИ” ШЕСТИ РОМАН НА ЛУАН СТАРОВА ВО БУГАРИЈА

 Во бугарскиот главен град, Софија,  во издание на познатиот издавач ,,Персеј’’, е објавен романот “Амбасади” на  еден од најплодните македонски и балкански автори, академик Луан Старова.

 

Бугарското издание излезе под наслов “Амбасадор на земјата што нема да постои”, во превод од македонски јазик на Марин Петров.

Ова е шести роман од ,,балканската сага’’ на Старова  кој се објавува во Бугарија, по романите:“Времето на козите”, “Враќањето на козите”, “Балкански клуч”, “Балканвавилонци”  и “ Ервехе – книга за една мајка”.

Романите на Старова наидуваат на убав прием кај бугарската читателска и книжевна критика.

Големото бугарско писателско име, академик Антон Дончев, откако ќе ја цитира мислата на Гете, наведена во воведот книгата,  дека ,,светот е само тоа што ги обединува народите’’, ќе забележи: ,, Оваа книга е рожба на нашиот свет. Таа е повик за обединување. Низ целата книга се проникнува вистината дека проблемите се заемно поврзани , идејќи од минатото се проектираат во иднината. И дека мирната и творечка соработка меѓу народите нема друга алтернатива.’’

Академик Дончев, е автор на предговорот на романот “Ервехе-книга за една Мајкa”, по повод книгата“Балканвавилонци” , прогласен за роман на годината во Македонија.

Веле Митаноски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани