„Среќен сум што овие денови ќе продавам со спортистите“ , вели 32 годишниот стружанец Игор Шајноски , кој со години го продава списанието „Лице в лице“.
Одбележувајќи ја Неделата на уличните продавачи, деновиве низ струшките улици тој е заедно со спортистите.
Во униформа, заштитна маска и списанија во рака, момчето со Даунов синдром, неуморен и во лето и во зима, е едиствениот вработен уличен продавач во земјава.
.jpg)
„ Самиот процес на нашите активности кои ги имаме не само кон спортистите туку правиме една конекција меѓу граѓаните на Струга и Охрид и ги мотивираме да го купат списанието да го поддржат вработувањето на Игор во нашата огранизација и да имаат поголема свесност“, вели Стефа Малески од Порака Нова.
Индивидуални спортисти и струшките ракометари несебично давајќи поддршка на лицата со попреченост, заедно со Игор го продаваат списанието низ струшките улици.
.jpg)
– „Мене ми е посебно драго покрај тоа што го знам од струшките улици имам прилика да ја дожиевам неговата енергија и да бидам лично тука во негово присуство. Игорче е познат и Струга и Охрид задоволство е да се биде во контакт со него поддржувајќи го во неговата работа “, вели Мими Стојансока спортистка од Струга.
Игор во просек продава околу 5000 списанија годишно, а со тоа ја обезбедува својата егзистенција
Новинар Соња Рилковска
