Скопјанец фатен со кокаин во Струга.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.С.(33) од Скопје. При преглед извршен на 15.08.2020 година во 22.40 часот кај ракометното игралиште во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кокаин.
