Охридската болница една година ковид регионален центар.
Покрај битката со вирусот и згрижувањето на ковид болните кои изминатава година достигнаa бројка од околу 900 хоспитализирани пациенти, во болницата се извршија околу 1000 други оперативни зафати и 400 породувања. 15 000 прегледи на Интерното одделение. Дневно и по стотина поделени инфузии.
Се направи реорганизација на одделенијата и ротации на персоналот за да се одговори на потребите на пациентите.

– „Болницата работеше со малку помало ниво во споредба кога не беше ковидот. Тоа беше огромно оптоварување на сите служби. За персоналот, за вработените од техничка служба и од управата. Верувајте сите се изморени. Секојдневно битка да се спасат што повеќе животи, здравствените работници работаат и по 12 и по 18 саати“, вели д-р Горан Балески директор на охридската болница, кој и самиот речиси секој ден е во операциона сала.
Не е лесна битката со корона вирусот. Сочуствуваме со пациентите. Немаме довод на кислород па кислородни боци качувавме по скали. И доктори и сестри и возачи, сите заедно само да спасиме живот, раскажува Балески, директорот кој целодневно е во охридската болница.
Како уролог врши прегледи и операции, но секојдневно влегува и во ковид центарот да ги посети болните од корона вирусот. Одделението за Урологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид од денес располага со најсовремена опрема „Karl Storz“ за ласерска лапараскопија и ендоурологија, со што уролошките отворени операции заминуваат во историјата.
Секогаш достапен и за новинарите , транспарентно да ја пренесе состојбата со пандемијата.

Во 2020 пораснаа и трошоците во болницата. Заштитни материјали, дезинфекциони средства и кислородни боци станаа секојдневни доолнителни издатоци.
„Болниците дополнително имаат голема финансиска оптовареност, потрошувачка, антибиоици. Ако ви кажам една споредба Инфективно на годишно ниво не трошело ни една боца сега имаше периоди кога се трошеа и 50 кислородни боци на ден“, вели Горан Балевски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.
Најфрекфрентен оддел во болницата за време на пандемијата беше радиологија. Тука даѓаа пациенти од Дебар до Битола . Се вршеа по триесетина прегледи дневно, или во просек околу 500 месечно. Апаратот за компјутерска томогрфија изминаава година направи рекордни снимања , затоа сега има потреба од менување на цефката, па поради тоа моментално не е во фукнкција. Во тек е поправката, обезбедени се средства и се очекува наскоро повторно да биде ставен во функција.

– „Нашата служба од секогаш била како една матица за целиот овој регион и сите пацинети се пренасочуваат кај нас. Бројките се движеа пред ковидот околу 25 пацинеи дневно, сега и по 30 пациенти само за компјутерска томографија зборувам. Инаку со ренген и ултравук достигнуваат околу 1500 вкупно на месечно ниво“, вели доктор Софка Маленко радиолог.
Моментално во охридската болница има 60 тина хоспитализирани пациенти, 80% од нив се на кислородна поддршка. Модуларната болница е исполнета и се проширува со дополнителни дваесет легла. Охридската болница е подготвена за справување со третиот бран на вирусот. Иако медицинскиот персонал е уморен, тие велат со сите сили ќе продолжат во битката со вирусот.

Здравствените работници во светски рамки не паметат ваква здравствена криза, битка со смртоносен и непознат вирус. Сите апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките да го чуваат своето и јавното здравје.
Текстот е изработен во рамките на кампањата „Здравствените работници се нашите херои – со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата здравствена криза во историјата.
Видео сппотови:
