Затворениот базен во Струга остана руина

Затворениот базен во Струга  остана руина,  се  бара  нов изведувач  за неговата реконструкција.

Стружани со децении добиваат ветување за враќање на базенот во функција, но до денес наместо џагорот на  пливачите се слушаат звуците на ламарините од ветерот.

Последниот иведувач  од  2019  година  до денес успеал  само да го огради базенот, а поради пандемијата се откажал од овој зафат.

-„Фирмата која го доби тендерот поради ковид-пандемијата не можела да ги исполни обврските па побара раскинување на договорот пред два месеци. Договорот е веќе раскинат со сите пенали предвидени во него за раскинување на договорот на штета на самата фирма. Активирана е и банкарската гаранција,вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Реконструкцијата   требаше да чини 30 милиони денари,   а предвидуваше современ пливачки базен за  враќање на водените  спортови.   Речиси и да нема избори во кои изградбата на базенот е главно ветување  за Струга.

-„Ова е затворениот  базен во Струга ,   кој што со децении се распаѓа. Последната најавена реконструкција беше најавена во 2019 година  а базенот годинава требаше да започне со работа“. 

Мојсоски, кој  и самиот е стружанец и детството го минал  тренирајќи во базенот,  ветува  распишување на нов  тендер за избор на фирма за реконструкција,   од мај ќе  започнат градежните активности.   а за една година  ќе  заврши целиот проект.

Струшкиот затворен базен е изграден   пред 40 тина години, во него тренираа и охриѓани, произведе бројни  спортисти кои  се закитија со стотици меѓународни медали. Две децении е затворен и оставен да се распаѓа.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани