Засадени јапонски цреши и магнолии на брегот на Дрим

Триесеттина нови садници, јапонски цреши и магнолии денеска се засадија на брегот нна реката Црн Дрим Струга.

Се уредуваат и градските паркови, за одмор и рекреација на граѓаните и туристите се ставаат нови клупи. Градоначалникот на Струга вели се работи  изградба на патишта но и зачувување на чистата еколошка средина.

„Сакаме во целост градот и селата да личат на европски  градови и села и тоа веќе го постигнуваме. Струга треба да дише и понатака и подобро  засадуваме денес триесеттина добри дрвја. Поставивме и покрај реката Дрим триесеттина клупи за одмор на граѓаните и сите кои што ќе доаѓаат во Струга“, вели градоначалникот Рамиз Мерко.

Изминатиот период Јавното комунално претпријатие  спроведе  и кампања „Чиста Струга“. Целта е подигнување на свеста на граѓаните  во однос на одлагањето на отпадот и зачувување на животната средина.

-„Денес одлучивме да го започнеме овој проект како дел од засадувањето нови ластарки кои ќе садат јапонски цреши од двете страни на реката Црн Дрини. Садниците се снабдување во рамките на проектот Мостови за најдоброто утре, финансиран од бугарскиот проект за развој, а садењето на садниците ќе го изврши стручниот тим на општина Струга“, вели директорот на ЈП Икмет Ислами.

Во Струга се изминатиот период се реконструирани повеќе градски улици и локални патишта. Подигнато е нивото на хигиена и секојдневно се работи на подобрување на водоснабдувањето.

 

 

Може да биде слика на еден или повеќемина, луѓе кои стојат и надвор

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани