Традиции и обичаи на Србите, во Охрид и Охридско

Традицијата и обичаите на народите кои живееле на поднебјето на градот Охрид се навистина значајни, од аспект на културологија и историја. Нивното присуство во градот Охрид биле од разни причини, особено во периодот за време на балканските и световните војни.

 

Во такви бурни времиња во Македонија, а со тоа и во Охрид интересни се обичаите на српскиот етникум. Иако православната вера обичаите и верата се речиси идентични насекаде обичаите верата сепак српскиот етникум своите обичаи ги имал, зачувал и спроведувал и на свој традиционален начин.
За самите обичаи и традиции во периодот најчесто во перидот меѓу двете светски војни за нашето поднебје а кај српскиот етникум значајно четиво има Бранислав Русиќ како и етнологот Веселин Чајкановиќ.


Се истакнува дека особено значајни апекти во традициите и обичаите преставуваат раѓањето, крштевката, женидбата, смртта и слично.

За раѓањето деца, се сметало дека тоа е најголем благодет кој може да го даде господ бог. Ако во некој брак немало пород, тоа се сметало за голема несреќа. Дури се верувалодека над таквите бракови биле направени некои сили – магии со узроци и најчесто се одело на некои лековити води, палење свеќи во цркви, молитви и слично.
За време на бременоста, жените морале да се придржуваат до одредени правила се со цел породот да биде јак и долговечен. Се сметало дека мора на трудницата да и се даде се за јадење и пиење што ќе видела кај некој друг, но и воопшто. Исто така, постои верување дека ако, пак,ќ нешто украде и се допре до стомакот тогаш на породот ќе му се појави младеж во вид на предметот што бил украден.
Трудната жена работела по полињаполињат дома до последниот ден за раѓањето. Затоа, чести биле породувањата во пољињата. На третиот ден самата родилка требало да стане, да донесе вода да се напие како и да касне леб.Исто така, на третиот ден мајката требало да го облечие детето во бела облека.
Крштевка
За крштевката, обично во куќата се се подготвувале два до три дена претходно Имено, домот се чидѕрл од темел, се подготвувале традиционални погачи и се купувале најубави подароци за кумот и кумата, како и за са свештеникот и бабицата.

На денот на крштевањето, бабицата го носела новороденчето во црква, додека некој друг требало да однесе млака вода и подароци за свештеникот.Таму ги пречекувал кумот, додека некаде и самиот кум го носел детето на крштевање додека бабицата ѓумот со млака вода.

Во црквата после обредот каде свештеникот изговарал господови зборови а кумот ги повторувал, тој го кажувал името држејќи ги свеќите во раце. Најчесто, тоа било наследно односно по дедо или баба. По давањето на името, некои од присутните, најчесто деца истрчувале кај родителите и им го кажувале името со што добивале одредена награда.

 


По молитвата од свештеникот бил даруван обично со пешкир, чорапи или сл.Детето до куќата го носел кумот заедно со свеќите каде го предавал и ги аминувал на родителите, а потоа седнува на чело на софрата при што почнувала веселбата. На заминувањето, тој на родителите им давал и благослов за уште новороденчиња и во таа прилика родителите му давале подарок во вид на чорапи, кошула, марама и сл.

Текстот го подготви м-р. Никола Митровиќ, директор на подрачната единица на историскиот архив во Охрид, за потребите на проектот “Низ една призма – сите сме исти”, финансиран од Civika Mobilitas

(фотографиите се превземени од Wikipedia со цел подобра илустрација на текстот)

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани