28 годишен охриѓанец ја загуби битката со корона вирусот

28 годишен охриѓанец ја загуби битката со корона вирусот.

Лазар Секулоски почина  на Инфективната клиника во Скопје , каде последните денови бил на распиратор. 

Прво бил хоспитализиран во Охрид, а откако му се влошила состојбата бил пренесен во Скопје.  Момчето било дијабетичар и имало проблеми со тироидната жлезда. Живеел во Словенија, неодамна дошол да ја посети неговата болна мајка.

На инфективното одделение во Охрид сликата од ден во ден е се подраматична.  Мометално има 109 хоспитализирани пациенти. И нервното одделение во болницата е пренаменето за лекување на ковид ппозитивни пациенти. 

Има уште 11 слободни кревети. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани