Честитка за успешната трансплантација од Здружението „Храбро срце“

Нема ништо поубаво од тоа да го дочекате изгрејсонцето со вест која ќе гласи дека уште еден млад човечки живот е спасен благодарение на хуманоста од луѓето, но и благодарение на способноста, знаењето, стручноста и волјата на најеминентните доктори во Македонија кои под боите на хуманоста и спасувањето на животите се собраа повторно заедно и успешно ја изведоа и втората трансплантација на срце во нашата држава!, пишува  Васко Јолески претстедател на Храбрсо срце. 

Оваа трансплантација не е само спасување на еден млад живот! Оваа трансплантација за нас како Здружение кое се бори за подигање на свеста кај населението за органодарителството е чекор напред, ветар во нашите едра, дополнителна надеж за продолжување на нашите животи во иднина и огромна мотивација да продолжиме со нашите активности кои во заедница со сите чинители на општеството се гледа дека носат успех. Ако до денеска единствена надеж за продолжување на нашите животи гледавме само во заминувањето во странство, во поразвиените земји, сега е веќе јасно дека и Македонија има капацитет за такво нешто! Огромна благодарност, но и честитки до сите чинители во овој свет подвиг. Отпочнуваќи од  донорот, семејството на донорот, министерот за здравство г-дин Венко Филипче, кардиохирурзите, анестезиолозите, имунолозите, интезивната и постинтензивната нега, другиот медицински стручен кадар, техничките служби, граѓаните кои ги поддржуваат кампањите за подигање на свеста за органодарителството и сите останати што придонесуваат на кој било начин, а најголема благодарност до севишниот Бог кој на сите погоре набројани им дава сила, енергија, знаење и моќ  да носат светлина и во најтемните моменти од животот на некои пациенти, да се изборат со смртта и да донесат живот, ппишуваат од Националното здружение  Храбро Срце.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани