Успешна Трка на поезијата во Струга

Градот на поезијата  испишува нова страница  и во спортот.

Во Струга утрово  за  прв пат се организира голема спортска манифестација. Се одржа првата „ Трка на поезијата“.  

Настанот се одра во согласност   со протоколите за  заштита од ковид 19. Целта на оваа спортска манифестација  е промоција на спортот,  но и креирање на нова туристичка содржина за привлекување гости.

-„ Денес се одржува првата Трка на поезијата во Струга. Се надеваме дека сите учесници ќе бидат задоволни од овој настан, атмосферата е позитивна препораките за протколот за заштита од Ковид 19 се запазени“, изјави Мими Стојаноска од здружението „Спортски мостови“.

Имаше трка од рекреативен карактер во должина од 5 км и од натпреварувачки карактер од 10 км, а за анимација на најмладите и детска трка од 1 километар.

Чест ми е што сум учесник на првото издание на Трката на поезијата во прекрасната Струга и се надевам дека оваа манифетсација ќе прерасне во традиција и ќе има уште поголеми дистанци за нас тркачите“, вели Жикица Ивановски шамион во ултра треил трки.

Во овој наш прекрасен грд Струга е чест да се отвори овој дебитантски настан да се даде се од себе. Мислам дека и ние и публиката ќе прдонесеме да ова прерасне во еден значаен настан и да доагаме секоја година“, вели Игор Јакимовски професионален атлетичар.

Три децении во Струга немаше  градска трка. Токму затоа спортисти и ентузијасти ја организираат првата спортска манифестација , која се планира да премине во  традиција.На настанот учевство зедоа околу 600 спортисти и рекреативци  од земјава и странство. 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани