„Небо од чадори“ нова атракција во Струга

Небо од чадори на главното струшко шеталиште е новата атракција во градот на мостовите.

Шестотини чадори во различни бои висат на шеталиштето и привлекуваат внимание на минувачите. 

Чадорите се поставени од страна на Јавното Комунално претпријатие. 

-„Со овој декоративен проект , сакавме да направиме уште едно привлечно катче во Струга. Тука цел булевар се анместени околу шестотини чадори инцестиција која целосно чини 120 000 денари. Финансирана од нашето претпријатие“, вели Икмет Ислами директор на Јавното Комунално претпријатие Струга. 

Шарената туристичка атракција, која обезбедува и убава сенка во топлите денови ја има во повеќе европски метрополи. 

Во текот на летната сезона стружани  и туристите ќе можат да уживаат во прекрасната глетка која ја создава уметничката инсталација од стотици шарени чадори. 

Стружани задоволни од овој проект. 

Прекрасно е многу убава идеја. Ми се допаѓа, вели една млада стружанка. 

-Доаѓаме од Тетово, многу ни се допаѓа Струга. Преубаво е , градот го има сменато ликот. Чисто уредено, едноставно немам зборови, велат туристи од Тетово. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани