Во рамките на проектот „Чиста Струга“ деновиве се чистеше крајбрежието.
Во пресрет на туристичката сезона, деновиве спроведоа акција за генерално чистење на крајбрежјето и пешачката патека на потегот од Црвен Крст до Евро Хотел.
Во рамките на акцијата се вршеше машинско косење со трактор со специјален приклучок мучер како и чистење на ивичните траки, чистење на дивата вегетација, кастрење на суви и надвиснати гранки подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите за отпадоци како и миење на пешачката и велосипетската патека со цистерна.
Благодарение на менаџерскиот тим и вработените на ЈП Комунално, Струга веќе го добива заслужениот изглед, од ден на ден станува се поатрактивна и за нејзините граѓани и за туристите кои ќе го посетат нашиот град оваа летна сезона, инфотмираат од струшкто комунално претпријатие.

