Од утре почнува пописот

Од утре со теренско собирање на податоците во земјава ќе започне да се спроведува попис на населението и објектите.

Како што најавија надлежните, пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи. Тие уверуваат дека не постои никаква шанса за ширење на вирусот меѓу граѓаните и попишувачите.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите.

„После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните региони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови“,рече Симовски.
Тој вели дека никој нема да биде доведен во опасност од зараза со ковид и рече дека ако граѓаните сакаат да ги попишува екипа која е целосно вакцинирана тоа ќе биде овозможено.

„Ако граѓаните инсистираат да бидат попишани од вакцинирани попишувачи, ќе им се овозможи тоа. Ќе се договориме со тоа домаќинство кога да дојдат вакцинирани попишувачи. Немам точна бројка колку попишувачи се вакцинирани, зашто пријавувањето за учество почна во почетокот на август. Во пријавата се наведуваше дали се вакцинирани или не. Од оние кои веќе се ангажирани две третини биле вакцинирани во периодот кога се пријавиле, но не знаеме дали во меѓувреме и другите се вакцинирале“,рече Симовски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани