Денешното празнување на Св.Климент Охридски започна со света архиерејска литургија во манастирскиот комплекс на Плаошник, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
На свеченоста присуствуваше градоначалникот Кирил Пецаков и претставници на Општина Охрид, кои се поклонија пред моштите на светецот. Пред бројните верници по завршувањето на литургијата се обрати митрополитот Тимотеј.


Чествувањето продолжи со полагање на свежо цвеќе пред спомениците на светителот во дворот на ОУ “Свети Климент Охридски“ и на градскиот плоштад. На свеченоста беа доделени наградите за најдобри литературни творби, од конкурсот што го распиша Општина Охрид за учениците од основно и средно образование. Наградите им припаднаа на Меланија Ристеска, Мирјана Дејкоска и Јасна Сиљаноска, кои наградените творби ги прочитаа пред присутните гости.



