Поради врнежите, водата во градот Струга моментално не е за пиење.
-Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода до следното известување. Ви благодариме на разбирањето, известуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.
При секој пообилни дождови, стружани се соочуваат со истите проблеми, со години од ЈП Водовод ветуваат решавање на проблемот со загадувањето на водата.
