Оваа сабота: „Вкуси го Охрид-локално”

Надалеку прочуената гастрономија на Охрид: охридско ѓомлезе, комат, питулици, макало.., но и гастрономската традиција на нашата земја, локалните производители, чувари на традицијата.., ви закажуваат состанок, оваа сабота, 27 јули во 19 часот.
🛟Имено, Слоу фуд Охрид по третпат го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“, сидрото е на атрактивната локација на Плоштадот кај Долна Порта, и, сите се добредојдени.
Организаторот советува да не го пропуштате овој интересен, несекојдневен и богат своевиден пазар: ќе се потсетите на изворниот вкус на охридските и македонските специјалитети приготвени на домаќински начин, ќе слушнете како што настанало и ќе уживате во добра музика. Да го славиме нашето!
Слоу Фуд Охрид е дел од Слоу Фуд Македонија и поради извонредната местоположба и преку своите уникатни приказни е надоен со искрена љубов кон традицијата, почитување на природниот биодиверзитет и локален идентитет. Та, нели сме ние она што го јадеме?!

Настанот е можност да се промовира храна што генетски ја препознаваме, да ги измериме капацитетите на “бавна” храна наспроти трендот на брза и неквалитетна храна.

„Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од Слоу Фуд Охрид со поддршка на Општина Охрид и Слоу Фуд Македонија.
Охрид повикува: ве очекуваме во сабота, 27 јули на Плоштадот кај Долна порта од 19 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани