Од Виена за Дебрца: Донација нов камион за ЈКП Дебрца

Општина Дебрца доби донација вредна 30.000 евра од Општина Виена – камион „MAN“ за собирање смет, кој ќе го користи Јавното комунално претпријатие Дебрца.

Донацијата денес беше официјално подигната во Виена, а станува збор за специјализирано возило кое ќе придонесе за подобрување на комуналните услуги и одржувањето на хигиената во населените места во општината.

Од Општина Дебрца информираат дека ова е првиот чекор во воспоставувањето на подолгорочна соработка со главниот град на Австрија.

„Дебрца денес има уште еден голем пријател. Ова возило ќе направи значаен напредок во одржувањето на чистотата во нашите села“, се наведува во објавата.

Изразена е благодарност до градоначалникот на Виена и до неговата администрација за вредната донација, како и до општинската администрација на Дебрца која аплицирала за добивање на возилото уште во 2024 година.

Од локалната самоуправа посочуваат дека оваа донација претставува почеток на нова фаза на соработка и најавуваат нови заеднички проекти во иднина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани