Финансиска инјекција за семејствата во Дебрца: Поддршка за новороденчиња, бракови и помош за ранливите

Општина Дебрца воведува нов сет мерки за финансиска поддршка на семејствата, младите и социјално ранливите категории граѓани. Како што информира градоначалникот Златко Сиљаноски, мерките предвидуваат директна парична помош за новороденчиња, поддршка при склучување брак, како и помош за лекување и за семејства погодени од елементарни непогоди.

Со новите мерки, општината ќе доделува 100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете, додека за прво и второ новороденче се предвидени 6.000 денари. Дополнително, младите до 30 години кои првпат стапуваат во брак ќе добијат 30.000 денари финансиска поддршка, а лицата над 30 години при склучување брак ќе можат да користат еднократна помош од 6.000 денари.

Мерките предвидуваат и еднократна парична помош за лекување, како и поддршка до 30.000 денари за семејства погодени од пожари и поплави. За социјално загрозените граѓани, самохраните родители и семејствата во ризик ќе се обезбедуваат и социјални пакети со храна и средства за хигиена.

Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и ќе се реализираат согласно буџетските можности. Според градоначалникот Сиљаноски, целта е да се обезбеди конкретна поддршка за семејствата и да се поттикне развојот на локалната заедница.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани