Се уредува просторот кај изворите Горно Поле во Велмеј

Интензивно се работи на уредување на просторот кај изворите Горно Поле во селото Велмеј, информира градоначалникот на општина Дебрца, Златко Силјаноски.

Станува збор за природна локација која се уредува со цел да стане попривлечно место за одмор, прошетка и уживање во природата.

Според Силјаноски, водата, зеленилото и мирот што го нуди овој простор претставуваат значајно природно богатство кое треба да се зачува и унапреди.

Активностите се дел од пошироките напори за подобрување на условите и уредување на јавните простори во општина Дебрца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани