Охрид од 25 до 27 јуни ќе биде во знакот на виното, музиката и добрата забава. На градскиот кеј ќе се одржи петтото издание на фестивалот Ohrid Wine Festival, кој и оваа година најавува богата програма и фестивалска атмосфера за сите посетители.
Фестивалот ќе започне на 25 јуни со настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија.
Втората фестивалска вечер, на 26 јуни, ќе донесе настапи на Брос и Марама, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија.
Завршната вечер, на 27 јуни, е резервирана за Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолскиот камерен оркестар и Суперхикс.
Организаторите најавуваат три дена исполнети со врвни вина, гастрономски специјалитети и музичка програма, со што Охрид уште еднаш ќе ја потврди својата позиција како една од најатрактивните фестивалски дестинации во земјата.
