Андреа Савиќ е првенец на генерацијата во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Ученичката Андреа Савиќ е избрана за првенец на генерацијата 2026 во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Таа своето средно образование го заврши во електротехничката струка, образовен профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, со континуиран одличен успех и примерно поведение.

Андреа уште од основното образование покажувала исклучителни резултати, особено во областа на математиката, каде што учествувала на бројни општински и државни натпревари. Во текот на средношколските денови активно се вклучувала во проекти, хакатони и натпревари од областа на електротехниката, инженерството и информатиката.

Меѓу нејзините најзначајни достигнувања е освоеното прво место на 11. Меѓународен натпревар за електротехника, мехатроника и инженерство „Balkan Junior 2025“ во Словенија, каде што се натпреварувала со учесници од седум држави.

Покрај академските успеси, од училиштето истакнуваат дека Андреа се издвојувала и по својата скромност, одговорност и другарски однос, претставувајќи вистински пример за младите.

Од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ велат дека Андреа заминува подготвена за нови предизвици и продолжување на образованието на некој од техничките факултети, со уверување дека нејзината посветеност, знаење и креативност ќе придонесат за идните технолошки иновации.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани