Градоначалникот на Дебрца се сретна со австрискиот амбасадор: Најавена поинтензивна соработка со Тирол

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски,  оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Н.Е. Мартин Памер, на која се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Општина Дебрца и австриската покраина Тирол.

На средбата беше истакнат досегашниот придонес на покраината Тирол за Дебрца, особено преку донацијата на возило и опрема за потребите на Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, за што градоначалникот изрази благодарност.

Соговорниците разменија мислења и идеи за воспоставување на поинтензивна соработка во повеќе области од заеднички интерес, со акцент на размена на добри практики и реализација на заеднички иницијативи што ќе придонесат за развојот на општината.

„Продолжуваме да градиме силни меѓународни партнерства во интерес на граѓаните“, порача градоначалникот Сиљаноски по средбата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани