Еден век од осветувањето на храмот „Пресвета Богородица“ во Волино

Со света архиерејска литургија и во присуство на бројни верници, свештенство и гости, вчера во селото Волино беше одбележан големиот јубилеј – 100 години од осветувањето на храмот „Пресвета Богородица“.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, кој истакна дека станува збор за настан исполнет со духовност и силни емоции.

„Има настани што не се опишуваат само со зборови, туку се доживуваат со срцето. Вчерашното одбележување на еден век од осветувањето на храмот „Пресвета Богородица“ во Волино беше токму таков настан – исполнет со мигови на длабока тишина, духовен трепет и вонреден благослов“, напиша Сиљаноски.

Тој посочи дека за него претставувало особена чест што ја држел епископската митра додека владиката се подготвувал за светата литургија, оценувајќи дека тоа е момент што остава траен печат во душата.

Јубилејот беше одбележан со молитви за здравје, мир и благосостојба, а присутните упатија пораки за зачувување на духовното и културното наследство на овој значаен православен храм во Дебрца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани