Работник од Охрид тешко е повреден при извршување градежни работи во објект во изградба.
На 23 септември во СВР Охрид било пријавено од Итната медицинска помош дека во болницата „Св. Еразмо“ бил пренесен Б.М.(52) од Охрид со тешки телесни повреди. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи во објект во изградба за правно лице од Струга.
Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Охрид и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
