Одбележан патрониот празник на Дебрца

Со свечености во Црвена Вода денеска беше одбележан 3 Октомври – Патрониот празник на Општина Дебрца.

Токму на 3 октомври 1943 година од Црвена Вода бил објавен Манифестот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија, со што ова место останува трајно запишано во македонската историја.

Од Општина Дебрца порачаа дека историското наследство и аманетот од предците се обврска и патоказ за идниот развој на општината и создавање подобри услови за живот на сите жители.

Одбележувањето беше збогатено со настап на оркестарот при ООУ „Дебрца“ и ученици од Мешеишта.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани