Дождот не ги спречи административците денес да го чистат градот. Вработените во ЈП „Билјанини извори“ од рано утрово ги засукаа ракавите.
Вработените од ЈП “Билјанини Извори” го расчистуваа потегот од улицата “Јордан Миалков”, патот за Велестово и просторот кај алеата на “Паднатите борци”. Акцијата ја поддржа само еден граѓанин кој живее на ул. “Јордан Мијалков”.

