„Без вода нема живот“ е мотото на акцијата за чистење на дното на Охридското езеро.
Акцијата за чистење на езерото од цврст отпад ќе ја спроведе НК „Амфора“ со поддршка на општина Охрид.
Нуркачите кои редовно го чистат Охридското езеро од отпадоци апелираат до граѓаните и туристите да ја покажат својата љубов и грижа кон езерото со тоа што нема да фрлаат отпадоци во вода.
Акцијата за чистење на езерото ќе се одржи денес (13 Мај) во 12 часот.