Од денеска во оптег новите пари

Од денеска ќе бидат воведени полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари, кои ќе имаат подолг век на траење за разлика од досегашните хартиени.

Во оптег влегуваат полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари со што книжните банкноти во истата апоенска вредност веќе нема да бидат законско средство за плаќање. Но, доколку ги поседувате и на 15 мај, нив ќе можете бесплатно да ги замените за други банкноти или ковани пари во еквивалентен износ. При замената не мора да добиете исклучиво полимерни банкноти, туку може да добиете и ковани пари или, пак, книжни банкноти со апоенска вредност поголема од 50 денари доколку вкупниот износ на вашите книжни банкноти е најмалку 100 денари, информираа од НБРМ.Од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе можете да ја извршите замената во деловните банки во Република Македонија. Доколку и по 15 мај следната година поседувате книжни банкноти во апоенска вредност од 10 или 50 денари, ќе можете да ја извршите замената исклучиво во Народната банка на Република Македонија.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани