Апел до жителите на Љѕбаништа, да одлагаат соодветно отпад

Општина Охрид упатува апел до мештаните и туристите во село Љубаништа во иднина да поводат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии.

Отпадот да го фрлаат во контејнерите кои уредно се поставени на површина предвидена за таа намена,а чиј број периодов е зголемен од два на пет. Во спротивно, доколку надлежните инспекциски служби и во иднина утврдат фрлање отпад на несоодветно место сторителите ќе бидат казнети согласно Законот.

Од фотографиите на надлежните инспектори може да се констатира човечката некултура, празни контејнери и направени мини депонии околу нив од месното население и гостите во селото Љубаништа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани