Промовиран романот „Велиново“ на Димче Парталоски

Десетотто јубилејно Вевчанско културно лето –Вевкул 2022, започна со промоција на романот „Велиново“на македонскиот автор, вевчанецот Димче Парталоски, што беше промовиран во вторникот ( 19 јули ) во црквата Св.Никола во Вевчани.

Промотивна реч даде истакнатиот новинар,публицист и писател Мишо КИТАНОСКИ,А ФРАГМЕНТИ ОД РОМАНОТ „ВЕЛИНОВО“ ЧИТАШЕ ПИСАТЕЛКАТА ВЕРИЦА МУКОСКА.СРЕДБАТА СО ВЕВЕЧАНСКАТА ПУБЛИКА БЕШЕ ИСКОРИСТЕНА И ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ И НА ДРУГИ ТРИ КНИГИ ОД Д.ПАРТАЛОСКИ,И ТОА РОМАНОТ „ХАЈКА“ И ДВЕТЕ ЗБИРКИ СО ПОЕЗИЈА „КАНДИЛО“ И „ЦИБРИНА“.


За одбележување е дека на промоцијата промоторот Мишо Китаноски ,истакна за овој по многу нешто немил настан што се случи пред 35 години на 7 август 1987 год.,оправдано оставил траги во меморијата на вевчанци,меѓу кои и кај промоторот што бил казнет,но и кај авторот.Но,на оваа тема предходните години се објавени како сведоштва и две книги,и,тоа „Вевчани:кој ќе ги измие рацете?“ од српскиот новинар Жарко Рајковиќ и од вевчанецот Алипие Анѓелски со наслов „Вевчанскиот случај со водата“.Во оваа прилика Китаноски истакна дека тој има сосема понакво мислење за настанот.Но потенцира дека како читател искрено го поздравува и подржува како литературен дострел појавувањето на романот „Велиново“од авторот Димче Парталоски,при тоа истакнувајќи дека ова прозно дело претставува вистинско доживување при читањето зашто е напишан топло,инспиративно и искрено,во стилот на современиот реализам,и,уште многу нешто потсетува на бројни романи-хроники во другите литератури.Фактот дека станува збор за романско оставуравње во кое личностите и денес се живи ( но се претставени со други имиња) доволно кажува авторот психолошки обликувајќи ги не само што ги опишал такви како што се во животот,туку им додал и по нешто за кои тие не се свесни…При тоа нурнувајќи се во времето и политичките превирања и пресметки на ниво населба-општински политички организации,што се робови на својот бирократизам влечен од републичко ниво.За жал,ниту постои веќе таа држава,ниту пак,тој општествен систем,но затоа пак,трајно вистнско литературно сведоштво е романот„Велиново“ на Димче Парталоски,не само како фактографија,туку и како инспирација за нови погледи и обработки на оваа тема.


Меѓу повеќето вредности на романот кој има 415 страници што ги истакна промоторот Мишо Китаноски,посебно го нагласи и влогот на авторот Димче Парталоски,којшто на своето „Велиново“му дал уште еден квалитет.Имено збор станува за фактот дека тој е напишан на вечански говор,зашто кон изданиетон е даден речник на непознати зборови како дел од македонскиот јазик,како вознес за вредностите на раскасжаното.
Фрагментите што ги читаше В.Мукоска беа поздравени со аплаузи што е уште една потврда за квалитетот на „Велиново“остварен од авторот Димче Парталоски.Доволно како сведоштво и како литература…
Текст и фот: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани