На струшкото крајбрежје ова лето не е ангажиран ниту еден спасител на вода.
Капалиштата не се ниту обележани, со обоени бови и граничник на водената површина која е безбедна за пливање. Сезоната за капење е во полн ек. Плажите се преполни со посетители и пренатрупани со урбана опрема, но концесионерите не водат грижа за безбедносните стандарди, иако тоа им е законска обврска.
Од Црвениот крст Струга велат спасителите на вода се чувари и повеќе од потребни на плажитe.
-„Важно е затоа што се работи за спасување на нечиј живот во даден ризичен момент. Не сите знаат да пливаат, се случува потреба во даден момент топлотен бран. Потребата може да биде секаква во овие летни денови“ , вели Адуриме Даути секретар на Црвен Крст Струга.
Спасителите се обучени да извлекуваат давеници, да пружаат прва помош при посекотини и повреди во вода и на копно, затоа постојано се спроведуваат обуки.
-„ Лиценците се бидејки веќе десет години се прават обуки сигуно е многу поголем бројт но на активни спасители оваа година имаме осум лица и имаме други кои ни помагаат за викенди, ни помагаат кога треба некој да се замени некој“, додава Адуриме.
Концесионерите имаат законска обврска да ангажираат спасители на плажите, а инспекторите се должни тоа да го контролираат.
Во минатото десетици спасители ги обезбедуваа плажите на брегот на Охридското езеро,имале илјадници интервенции, подарија стотици животи спасувајќи давеници.
Новинар Соња Рилковска