Охриѓанецот Ангелоски ќе ја претставува Македонија на Младинско светско првенство во скајранинг

Охриѓанецот Дејан Ангелоски ќе ја претставува Македонија на Младинско светско првенство во скајранинг.

Престојниот викенд на Пиринеите во Андора се одржува Младинско светско првенство во скајранинг. Македонија на првенството ќе ја претставува охриѓанецот од Шипокно и член на АК “Охрид трчаТ”, Дејан Ангелоски. Дејан ќе се натпреварува во категорија до 23 години. На првенството ќе учествуваат 177 спортисти од 26 држави, распоредени во три возрасни категории. Настапот на Дејан е во недела сабајле, му посакуваме среќен пат, многу успех, лесни нозе и секако да ужива во освојувањето на височините на Пиринеите.
Напред Дејан, напред Македонија, пишуваат од Охрид трчаТ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани