Балкански првенства во боречки вештини во Охрид

Викендов, Охрид е домаќин на две големи Балкански првенства во борење.

Околу 500 претставници на клубови за боречки вештини од повеќе Балкански земји викендов се во Охрид. Тие се учесници на Балканските првенства во бразилска џиу џица и други боречки вештини.Денеска во спортската сала „Билјанини извори“ отпочнува Балканското првенство во карате „Ohrid open 2018“ со учество на 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Утре,спортската сала е резервирана за второто Балканско првенство во бразилска џиу џица. Во натпреварите, учествуваат 150 натпреварувачи од земјите од Балканот.Двата натпревари по боречки вештини започнуваат во 10 часот.Организаторите, ги покануваат охриѓани и гостите да ги проследат натпреварите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани