Со македонски пасош може да се патува во 125 земји без виза

Македонскиот пасош годинава е рангиран на 41 место според својат важност и јачина.

Македонскиот пасош годинава е рангиран на 41 место според својат важност и јачина која се мери според тоа во колку земји може да се патува во светот без виза.Од регионот најдобро рангиран е пасошот на Србија, со кој може да се патувва без виза во 130 земји и се наоѓа на 36 позиција од светската ранг листа. Потоа, Македонија е на 41 место со 125 земји, Црна Гора е на 43 место со 123 земји, Б и Х е 47-ма со 118 земји, и Албанија е 48-ма со 114 земји.Се разбира, Словенија и Хрватска како земји членки на ЕУ се рангирани на високото 9 место и Хрватите на 16 место. Со словенечкиот пасош се патува во 180 земји без виза, а со хрватскиот во 169.Според Henley Passport indeks, Јапонија го има најмоќниот пасош на светот.Нивните граѓани можат да патуваат без виза во 189 земји.По пет години Германија падна на второто место, а нејзините граѓани имаат можност без виза да патуваат во 188 земји, исто како и Сингапур.Шпанија, Финска, Франција, Италија, Шведска и Јужна Кореја, се на трето место.Со истражувањето беа опфатени 199 земји.

Извор:ako.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани