Бесплатен превоз од Скопје за Струга по повод Меѓународното поетско читање „Мостови“.
-„Ги молиме сите љубители на поезијата кои што сакаат да го проследат свеченото врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” на фестивалот, да се пријават за користење на бесплатниот превоз на spefestival2019@gmail.com со назнака „ПРЕВОЗ СВП 2019“ (име, презиме и телефонски број во прилог) Пријавувањето трае додека се исполнат местата“, информираат од СВП.
Автобусот поаѓа на 25 август во 16 часот – збирно место пред Младински културен центар – МКЦ, Скопје. Ве молиме бидете на збирното место 15 минути порано.
По завршувањето на свеченото отворање, во 12 часот на полноќ, автобусот заминува за Скопје од пред Хотел Дрим.
