Охрид ЅОЅ: Мини депонија кај Грашница

Мини депонија во областа Грашница. Активистите од Охрид ЅОЅ реагираат против отпадот кој рестораните го одлагаат кај Грашница. 

 

-„Праксава со одлагањето отпад во областа Грашница од страна на угостителските објекти од населба Канео не престанува. А само на десеттина метри се контињерите. Ни стигна информација дека по договор со ЈП Комуналец требало да доаѓа камион и директно во него од чамец да се одлага отпадот. Арно ама овој отпад еве стои најмалку еден час и делува крајно недопадливо за тукашните минувачи, од кои дел и странски туристи. Се шири и непријатна миризба. До кога ли ова “соломонско решение” ќе трае? “- прашуваат од ОХрид ЅОЅ. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани