Ѓоковиќ отвора ресторан за бездомници

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ одлично ја почна сезоната, откако славеше на Австралијан опен, по рекорден седми пат, а со неговиот најнов потег повторно го воодушеви цел свет.

 

Ѓоковиќ кажа дека парите не му се проблем, па реши да отвори ресторан за бездомници во Србија.

„Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија“, вели  Ѓоковиќ.

Тој  кога има слободно време го троши во кујната, зашто голема страст му е готвењето.

Social profiles