СВР Охрид денеска пригодно ќе го одбележи 7 мај денот на полицијата.
Денеска, на 7 мај-денот на македонската полиција и ден на безбедноста, СВР Охрид ќе им додели благодарници на тројца најуспешни полициски службеници.Портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски вели дека на најдобрите полициски службеници, благодарници ќе им се доделат за посебен придонес, успешна соработка и поддршка во работата на Секторот за внатрешни работи Охрид.
Инаку, охридската полиција денешниот празник ќе го одбележи со пригоден прием во просториите на СВР Охрид со почеток во 12 часот.