Балканската дива Цеца летово со голем концерт во Охрид.
Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражњатовиќ – Цеца на 28 јули ќе одржи голем концерт во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“, пишува radioMk ( http://vesti.mk/read/news/15697321/5481856/balkanskata-diva-ceca-letovo-so-golem-koncert-vo-ohrid). Со песните од новиот албум, „Анџео другог реда“, „Лажов ноторни“, „Аутограм“, „Јадна ти је моја моч“, „Трепни“, „Дидуле“ и многу, многу други безвременски хитови, мегапопуларната и најбарана балканска дива веќе полни концертни сали и стадиони низ целиот свет.
Овој пат на ред е нашиот бисер македонски, Охрид, каде што Цеца ќе приреди повеќечасовен концерт за паметење на кој ќе одекнуваат нејзините најголеми хитови. „Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава“, велат организаторите за претстојниот настан.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 9 мај (среда) и истите може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“, „Пола Југотон“ и во цвеќарницата „Розе“ – Веро 2.

