Започна со работа пунктот во Лабуништа. По двонеделна пауза поради самоизолацијата на медицинскиот персонал од вчера во една смена работи амбулантата и Брзата помош во најјризичното село во струшко.
Епилогот од тестирањето загрижувачки , четири медицински лица од кои двајца лекари се заразени во населеното место.
Лабуништа е најголемото кризно жариште во струшко со преку триесетина заразени и седум починати лица од корона вирусот.
Пунктот во Лабуништа е дел од Здравствениот дом Вевчани, што опслужува 30 000 пациенти од најризичните села. Општина Вевчани засега е стерилна зона ,со ниту еден регистриран случај на корона , мерките на претпазливост се на највисоко ниво.
– „Ние работиме 24 часа, пациентите ги примаме но прво остваруваат контакт со диспечерската служба и се пополнува епидемиолошка анкета. Доколку се сомнителни при самото доаѓање им се мери температура со безконтактен томломер а потоа се упатуваат во собаа за изолација кеде им се врши преглед или им се дава терапија доколку е потребно“, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Д-р Светозар Чочороски Вевчани.
Лабуништа , едно од најголемите села во земјава со 9000 жители, стана главното жариште поради дијаспората, која работи во Италија. Се вратија пред еден месец, но не се изолираа. Безгрижно шетаа и комуницираа со роднини, соседи и пријатели, коментираат жителите.
– „Вирусот никако да сопри, верувајте дека 40 или 50 лица имаме починати од овој вирус Ете денес има две. Лошо е што ги праќаат Скопје овде не доаѓаат дома, долу на гробишта ги чекаат некои луѓе од фамилијата и ги закопуваат. Тешко е многу , фатално е тешко. Што да кажам“ , вели жител на Лабуништа.
Денес невообичаено тивко во Лабуништа. Улиците празни, жителите загрижени. Повеќето со маска и ракавици. Претпазливи, нема веќе дружењаа по дворови или пред продавници. Повеќето седат дома.
Новинар Соња Рилковска