Родилка од Струга заразена со корона испратена во Скопје

Една родилка од Струга заразена со коронавирус е испратена на скопската гинекологија. Во струшката болница  се уште се  чекаат резултатите од тестирањето на медицинскиот персонал.

 Седум медицински лица се во самоизолација. Досега една медицинска сестра од Интерното одделение е позитивна на Ковид 19 и таа е згрижена во битолската болница.

– „Таа медицинска сестра од 1ви  е во изолација,  а веќе четири дена во болница во Битола. 0125 Со неа имаме изолирани 6 медицински сестри и една докторка епидемиологот ги анкетираше и тие се во домашна изолација“ , вели директоот Мухамед Асани.

Во струшката болница веќе две недели на припомош има епидемиолог од Скопје. Персоналаот доби обука како да се заштитува  од заразените пациенти.

–„Со нив сме во подобра организација на работата и ни ја олеснува работата во тој дел.  За подготовка на просторииите, за подготовка на персоналот се врши обука како да се примаат сомнителните пациенти. Заштитни мерки што треба да се преземат и доста сме задоволни“, вели Асани.

Пациентите од ризините села се лекуваат во Здравствениот дом во Вевчани.

„Затоа постоиме подготвени сме да им помогнеме на пациентите од овој регион. Поготово сега во овој период . Работењето нас ни е секојдневно. Функционираат сите служби, лабараторијата, ренгенот, специјалистичките служби, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.

Во струшко најкритично е во Лабуништа, но заболени има и во градот. Цело  деветчлено семејство од Струга е позитивно на корона вирусот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани