Четиринаесет годишно девојче со дијабетес тип 1, вчера е донесено од Охрид, на клиника КАРИЛ во Скопје.
Со возило на брза помош, од Охрид, на клиниката за интензивна нега во Скопје, во состојба на кома, донесено било 14 годишно девојче. Родителите дознале дека има дијабетис констатиран во болницата во Охрид по што и се влошила здравствената состојба и паднала во кома.Девојчето било приклучено на апарати за дишење. Од асоцијацијата на деца дијабетичари се сомневаат дека лекарите во Охрид не успеале навреме да го откријат труењето на организамот предизвикано од дијабетисот.
