Човекот амфибија врзан со лисици се „ослободи“ од под вода

Во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на Клубот за спортови на вода “Охридски бранови 2008” и Нуркачкиот центар “Акватек” од Охрид  во водите на Охридското Езеро кај месноста Сараиште беше изведена неверојатна атракција под вода од страна на Јане Петков, „човекот амфибија“ од Бугарија.
Седумдесетгодишниот Петков, во многу сложени услови, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на дното успеа за 3 минути да се ослободи и да излезе на површината, без никакви помагала, по примерот на светски познатиот илузионист Хари Худини.
На градскиот базен „Атина Бојаџи“ се одржа забавно-спортската манифестација „Игри на вода“.


На натпреварувањето учество зедоа 4 екипи од реномирани охридски компании. Публиката имаше можност да ужива во забавна атмосфера исполнета со музичка програма. Овoj спортски настан е во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид.


Во водите на Охридското Езеро на потегот кај „Горица 1“ попладневно се одржа Ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња. Трките беа организирани во машка и женска конкуренција, а за најдобрите беа предвидени парични награди и пригодни подароци. Регатата ја организираше веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани